Линкови за пристапност

Бајден ја реафирмира американската поддршка за Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден во среда замина на посета на Тбилиси, главниот град на Грузија, што е последна етапа на неговата мисија чија цел еуверување на Украина и Грузија за поддршката на САД во нивните демократски аспирации.

Пред да ја напушти Украина, Бајден на собранитебизнисмени, политичари и студенти им кажа дека САД ќе ја поддржуваат земјата „на патот на слобода и просперитет“.

Тој исто така ја реафирмираше американската поддршка за украинските напори да влезе во НАТО и ги поттикна украинските лидери да најдат компромис за прашања кои ја поделија владата на државата.

Во Грузија, Бајден ќе има дводневни разговори со претседателот Микеил Саакашвили, и ќе се сретне со опозициони лидери кои речиси секој ден одржуваа демонстрации противСаакашвили во изминатите три месеци, во главниот град Тбилиси.
Домашните критичари го обвинуваат претседателот за недемократски чекори и погрешно постапување во врска со армискиот конфликт со Русија во август 2008. Тие бараат негова оставка.

Бајден ќе биде првиот висок американски претставник кој ја посетил Грузија откако руските трупи влегоа во земјатаминатата година во операција што Русија вели дека била поттикната од грузиските армиски напори за контролирање на отцепенататериторијаЈужна Осетија. Грузија вели дека одговорила на руската инвазија.

Оттогаш Русија ја призна Јужна Осетија и уште еден отцепен регион, Абхазија, како независни држави.
XS
SM
MD
LG