Линкови за пристапност

Обама:  Намалено насилството во Ирак, но престојат тешки денови


Американскиот претседател Барак Обама вели дека е мошне охрабрен од напредокот во Ирак, но предупредува дека „престојат тешки денови", поради учесниците во секташкото насилство во земјата.

Обама ова го изјави за време на заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Нури ал-Малики во Белата куќа. Тој истакна дека со ал-Малики разговарале за ирачките напори за промовирање на национално единство, како и за напорите за подеднакво дистрибуирање на приходите од нафтата помеѓу различните сектори во Ирак.

Средбата уследи по неколку недели откако американските борбени сили се повлекоа од ирачките градови. Ирачките трупи од 30-ти јуни ја презедоа одговорноста за безбедноста во урбаните центри.

Американскиот претседател додаде дека транзицијата е дел од „непогрешливиот" сигнал дека САД ќе продолжат со својата определба за суверен Ирак, вклучувајќи го планот за повлекување на сите американски трупи од земјата до крајот на 2011 година. Тој подвлече дека насилството во Ирак и натаму се намалува.

Ирачкиот премиер изјави дека тој и Обама разговарале за „секоја можна област" каде САД можат да соработуваат со Ирачаните, додавајќи дека ирачките сили стекнале „голема способност" за партнерство со американските трупи.

XS
SM
MD
LG