Американскиата државна секретарка Хилари Клинтон вели дека единствената опција за Северна Кореја е неповратно затворање на нивната програма за нуклеарно оружје.
Клинтон во среда
кажа дека нејзините колеги од Русија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласни
со ставот на Вашингтон. Таа ова го кажа
по средбата на министри на тајландскиот остров Пукет.
Државите и` понудиле на Северна Кореја пакет од поттици и
подобрени дипломатски односи, во замена за соработка во разговорите за
нуклеарно разоружување.
Но Северна Кореја се повлече од од тие разговори, и
неодамна тестираше балистички проектили и нуклеарно оружје што е прекршување на
санкциите на Обединетите Нации.
Таа рече дека е важно бурмиските соседи да се солидаризираат во единствен фронт против можна воена алијанса меѓу авторитарните режими.
Државната секретарка е во Тајланд за средба на министри за надворешни работи од Асоцијацијацијата на југоисточни азиски држави и други светски сили.
Клинтон ќе го потпише Договорот за пријателство и соработка на асоцијацијата, чија цел е мирољубиво решавање на регионални конфликти. САД се приклучени на пактот од неговото формирање во 1976.