Линкови за пристапност

Пакистанска армија јави за 50 убиени милитанти во северозападниот дел од земјата


Во најновата операција неделата и понеделникот во областа Долен Дир во Северозападната погранична провинција биле убиени преку 50 милитанти, а загинале и тројца војници, соопшти пакистанската армија.

Армијата последниве месеци води интензивни операции против милитантите на Талебан.

Офанзивата најпрвин беше насочена на Долината Сват, но од неодамна се сврте кон племенските области на границата со Авганистан.

Според армиски податоци, досега биле убиени околу 1.700 милитанти, но таа цифра не може да биде потврдена од независен извор.

XS
SM
MD
LG