Линкови за пристапност

Клинтон загрижена за армиската соработка меѓу Северна Кореја и Бурма


САД ја земаат загриженоста за армиска соработка меѓу Северна Кореја и Бурма сериозно, рече државната секретарка Хилари Клинтон во Бангкок, која во Тајланд разговараше со тамошниот државен врв, а ќе учествува и на регионална конференција за безбедност.

Клинтон рече дека воената соработка на Северна Кореја и Бурма може да го дестабилизира регионот.

Можната армиска врска меѓу Северна Кореја и Бурма се најде на насловните страници во јуни, кога американската морнарица започна да следи севернокорејски брод за кој се веруваше дека е на пат за Бурма со сомнителен товар.

Бродот се врати во Северна Кореја без да се вкотви во Бурма.

XS
SM
MD
LG