Линкови за пристапност

Надминат буџетскиот дефицит на Калифорнија


Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер постигна договор со лидерите од обете партии во Сенатот на оваа сојузна држава за надминување на буџетскиот дефицит од 26, 3 милијарди долари.

Договоротот вклучува намалување на трошоците за 15 милијарди долари, но не бара зголемување на даноците на поширока основа.

Републиканскиот гувернер не даде детали за компромисот, но наводно во буџетските кратења се вклучени некои популарни демократски програми како здравствена заштита на децата, јавно образование и помош за сиромашни и стари лица.

Се очекува за ваквиот буџет да се гласа во четврток.

Договорот бил постигнат откако ререпубликанците и демократите не успеаа да се усогласат по мерката што требаше да биде решение за проблематичниот буџет на почетокот на новата фискална година - 1ви јули.

XS
SM
MD
LG