Линкови за пристапност

Администрацијата на Обама ќе го пречекори рокот за Гвантанамо


Владата на претседателот Обама го пречекори самозададениот рок до вторник да изготви детален план за осомничените терористи притворени во базата Гвантанамо на Куба.

Владини лица сооштија дека рокот за работната група предводена од Одделот за правда да поднесе извештај е продолжен за шест месеци. Комисијата објави само привремен ивештај што во општи црти зборува како ќе бидат кривично гонети 229-те притвореници во Гванатанамо.

Рокот е продолжен и на другата комисија што ги истражуваше техниките на испрашување на затвореници, за два месеца.

Официјални лица инсистираат дека администрацијата на Обама ќе го испочитува рокот и покрај одложувањето на изготвувањето на детален план.

XS
SM
MD
LG