Линкови за пристапност

Шефот на Федералните резерви се обидува да ја смири нацијата по скокот на цените


Првиот човек на американските Федерални резерви се обидува да ја намали загриженоста дека сегашната економска криза ќе биде заменета со нова.

Американската влада вложуваше милијарди долари во економијата за борба со рецесијата и поттикнување наекономски растеж. Некои законодавци, инвеститори и аналитичари се загрижени дека истата политика што имаше за цел да ја спаси економијата ќе предизвика инфлација кога обновата ќе почне да се чувствува.

Но, претседателот на Централната банка Бен Бернанке вели деканема причина за загриженост.

Во напис во вторничкото изданиена „Вол Стрит Џурнал“ Бернанкевели дека е „уверен“ оти централната банка има средства да спречи брз растеж на цените на потрошувачки добра.

Тој сто така пишува дека сегашната политикана федералните резерви, дизајнирана за олеснување на бизнисите ипотрошувачите да добијат заеми– треба да остане „за одредено време“.

Бернанке подоцна во вторник треба да се појави на распит пред законодавците.
Во написот Бернанке овјаснува дека има различни стратегии што Централанта банка може да ги примени за да спречи инфлацијата да стане проблем, меѓу кои и веројатностана кревање на клучните каматни стапки.

Федералните резерви ги намалија тие стапки на речиси нула во обид даго стимулираат позајмувањето од банките. Многу бизниси зависат од заеми за плаќање на на набавки но и плати за вработените. Зголемувањето на каматните стапки ќе им наштети на сопствениците на домови кои веќе имаат тешкотии во исплата на ратите на станбените кредити.

Некои законодавци и економисти се загрижени дека економската политикана администрацијата на Обама не функционира.

Националната стапка на невработеност неодамна стигна највисоко ниво за последниве години, 9,5 проценти, и главните економски претставници очекуваат невработеноста да се зголеми уште повеќе – на над 10 проценти.

Извештај на Федералните резерви од минатата неделапредвиде дека економијата ќе се намали нешто помалку одпретходно прогнозираното.
XS
SM
MD
LG