Линкови за пристапност

САД се определени за „силна и просперитетна“ Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека САД се определени за силна и просперитетна Украина, и рече дека американското преуредување на односите со Русија нема да биде на сметка на Украина.

Бајден зборуваше во вторник во главниот град на Украина, Киев, на почетокот на тридневната мисија во таа држава и во другата поранешна советска република, Грузија.

Зборувајќи до украинскиот претседател Виктор Јушченко, Бајден кажа дека САД силно го поддржуваат правото на Украина да избере со кого ќе се сојузи. Тој исто така ја поздрави одлуката за придвижување кон приклучување на евро-атлантската заедница.

Русија силно се противи на украинските напори за приклучување кон НАТО. Русија вели дека потенцијалното присуство на западната воена алијанса на своите граници ќе биде пореметување на традиционалната сфера на влијание.

Американскиот потпретседател исто така во вторник се среќава со политичкиот ривал на Јушченко, премиерката Јулија Тимошенко, со која ќе разговара за начините за продлабочување на билатералните врски.

XS
SM
MD
LG