Линкови за пристапност

Најава за поголеми странски инвестиции во 2011 година


Конференцијата на ОН за трговија и развој ги објави резултатите од овогодишната анкета за очекувањата од светски инвестиции. Во анкетата беа опфатени преку 240 транснационални корпорации. Резултатите покажуваат драстично намалување на директните странски инвестиции за 54 проценти за првиот квартал од 2009 година.

Иако незавидната ситуација се очекува да потрае и во остатокот од годинава, анкетата покажува дека се очекува директните странски инвестиции постепено да се опорават во 2010, по што комплетно ќе се обноват во 2011 година.

Но, директорот на Одделот за инвестиции и ентерпрајс при Конференцијата на ОН за трговија и развој, Џејмс Зан, предупредува на неколку ризици поврзани со директните странски инвестиции.

„Еден е натамошниот пад на глобалната економија, како втор ризик е зголемување на финансиската нестабилност и трет, мошне интересен, е порастот на протекционизмот вклучувајќи ги промените во режимот за странски инвестиции“, вели Зан.

Анкетата открива и дека можностите за директни странски инвестиции се поволни во областите како земјоделството и услужните дејности, додека ситуацијата е помалку оптимистична за производствениот сектор.

Во извештајот на ОН се додава дека развиените земји од северна Америка и ЕУ се всушност деловите најмногу погодени од кризата. Суб-сахарска Африка и северна Африка се помалку погодени.

Испитувањето покажува и дека земјите во развој во источна и југоисточна Азија се особено атрактивни дестинации за странски инвестиции. Во документот се наведуваат Кина, САД, Индија, Бразил и Русија како држави со најповолна клима за инвестирање.

XS
SM
MD
LG