Линкови за пристапност

Шефот на НАТО хоспитализиран


Официјални лица на НАТО велат дека шефот на алијансата Јап де Хоп Шефер бил примен во болница во Брисел во вторник, заради згрутчување на крвта.

Портпаролот на НАТО кажа дека де Хоп Шефер имал блокиран крвен сад и дека по интервенцијата ќе остане во болница под стручен надзор. Се очекува тој сосема да се опорави.

Де Хоп Шефер има 61 година и се разболел во вторник по отворањето на НАТО изложба во парк во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО се очекува да ја напушти функцијата на крајот на месецов. Портпаролот кажа дека тој бил многу зафатен последниве денови.

XS
SM
MD
LG