Талебанските милитанти лансирале серија напади на два авганистански града во источен Авганистан, убивајќи најмалку петмина безбедносни офицери. Портпарол на Талебан вели дека група од 15 милитанти извеле напади во вторник во Гардез, главниот град на источната провинција Пактика.
Локални претставници велат дека од експлозија во близина на Одделот за разузнавање загинале три лица од обезбедувањето, додека самоубиствен бомбашки напад во близина на полициска станица убил двајца полицајци.Безбедносните претставници велат дека најмалку четворица милитанти биле исто така убиени, меѓу кои се и самоубиствените бомбаши кои биле облечени во женска наметка – бурка, во престрелка со безбедсносните сили.
Во меѓувреме, во источниот град Џалалабад, најмалку двајца бомбаши биле убиени во престрелка со полицијата додека се обидувале да извршат напад на база за американски и авганистански трупи.
Во друго насилство, претставник на авганистанската армија вели дека 13 талебански борци биле убиени, а 12 ранети, за време на операција во северната провинција Кундуз. Во борбите биле убиени и петмина авганистански војници.