Линкови за пристапност

За прв пат пад на рејтингот на Обама


За прв пат од преземањето на Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама има рејтинг под 60 проценти, во време кога Американците изразија сомневања во начинот на кој се справува со економијата, дефицитот и здравствената заштита.

Анкетата на „Еј-Би-Си“ и „Вашингтон пост“ покажува дека рејтингот е 59 проценти - пад од шест отсто во споредба со минатиомт месец и 10 отсто споредено со почетокот на годината.

За реформите во здравството, само 49 проценти испитаници ја одобруваат неговата политика, за разлика од април, кога процентот беше 57.

XS
SM
MD
LG