Линкови за пристапност

САД бараат реформи во затворскиот систем на Авганистан


„Њујорк тајмс“ тврди дека по извршен преглед, американската армија препорачала ремонт на затворот Баграм под американска контрола во Авганистан, како и на целиот затворски и судски систем во земјата.

Весникот тврди дека злоупотребите и регрутирањето на милитанти во затворите практично му помагаат на Талебан да зајакне.

Во прегледот наводно се препорачува да се одвојат екстремните милитанти од притворениците кои се умерени.

Весникот тврди дека началникот на Здружениот генералштаб, адмиралот Мајк Малин испратил доверлив меморандум до главните команданти во кои им налага да обезбедат американските сили да бидат свесни за важноста од оодветно третирање на притворениците.

XS
SM
MD
LG