Американскиот претседател Барак Обама се сретна со првите астронаути кои стапнаа на месечината, одбележувајќи ја 40-тата годишнина од историските чекори кои ги видоа стотици милиони луѓе ширум светот.
Обама во Белата куќа беше домаќин на екипажот од Аполо 11 – Нил Армстронг, Едвин „Баз" Олдрин и Мајкл Колинс. Тој рече дека има исклучително задоволство да ги прими тројцата, кои ги опиша како американски херои. Тој рече дека тие инспирирале цела генерација инженери и научници.
На 20-ти јули 1969-та, Армстронг направи историја како прв човек кој зачекори на Месечината. Ќе биде запомнет по неговите зборови „ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото", кога ги направи првите чекори по површината на месечината.
Олдрин, кој беше вториот астронаут кој зачекори по месечината, ги повика САД да почнат да планираат мисија за Марс. Тој рече дека Марс најверојатно е подобра средина за човекот отколку што е месечината.