На иконата против апартхејдот и поранешен јужноафрикански претседател Нелсон Мандела му беше приреден концерт со големи ѕвезди во Њујорк по повод 91-от роденден кој наедно беше претставен како Ден за добри дела.
Настанот е дел од еднонеделното оддавање признание на нобеловецот за мир во напорите за промовирање на работата на волонтери и поголем активизам на локално ниво.
Концерот на Radio City Music Hall привлече илјадници приврзаници на Нелсон Мандела, исто како и поп-ѕвезди и актери. Меѓу нив беа Морган Фриман, Форест Витекер, Стиви Вондер, првата дама на Франција Карла Бруни Саркози, модел и печајка, која за прв пат во јавноста имаше изведба откако се омажи со францускиот претседател Никола Саркози минатата година.Концертот помогна во прогласувањето на Ден во чест на Мандела. Отворена беше и специјална изложба во Њујорк со поставка што ќе трае до крајот на јули. На изложбата хронолошки е забележан животот на Мандела и неговата борба против апартхејдот преку шест зборови – делувај, слушај, предводи, обединувај, учи и зборувај.
Мандела од здравствени причини не присуствуваше на ниту еден од настаните по тој повод. Но, тој се заблагодари на убавите желби за време на концерот преку снимена видео-порака, која гласеше: „Борбата за слобода и правда е колективен напор. Денот на Мендела не е поинаков. Наша надеж е дека луѓето ќе посветат време и напор за подобрување на условите во нивната локална заедница“.
Настанот беше спонзориран од организацијата на Мандела за борба против сидата – „46664“, именувана по бројот за идентификација што го имал додека служел 27 години затворска казна. Денот на Мендела ќе се одбележува насекаде во светот. Претседателот Обама испрати порака со поддршка, нарекувајќи го Мандела „исклучителна личност“:„Приказната за неговиот живот може да се каже со зборовите на Нелсон Мендела: Секогаш изгледа невозможно додека не се направи!“, рече Обама.
На концерот во негова чест, освен американски ѕвезди дојдоа и некои од
најголемите африкански музичари. Имаше многу заеднички и креативни настапи,
како како дуетот Алиша Киис - Анџелик Киџо во песната „Африка“.Изведувачите испратија некои пораки кои се во фокусот на глобалното
внимание. Раперот Виклиф Џин пееше за геноцидот во Руанда.
Мандела мина 27 години во затвор поради борбата против апартхејдот во Јужна Африка. Беше ослободен во 1990-та и беше избран за прв јужноафрикански претседател во 1994-та.