Линкови за пристапност

Астронаутот Армстронг се сеќава на историската мисија на Аполо 11


Нил Армстронг, првиот човек што стапна на месечината зборуваше во Њузеумот во Вашингтон по повод 40та годишнина од мисијата на Аполо 11, кога леталото слета на месечината. Армстронг беше командант на мисијата. Тој ќе биде засекогаш запаметен со зборовите „мал чекор за човекот, огромен скок за човештвото“ кажани по неговото стапнување на месечината. Во децениите потоа Армстронг ретко зборуваше во детали пред јавноста за историското вселенско патување.

Со голема возбуда стотици значајни личности се собраа во Музејот за воздухопловство и вселена да ја чујат неговата презентација, заедно со членовите на екипажот Мајкл Колинс и Едвин „Баз“ Олдрин.

Армстронг притоа кажа дека „тоа било вистински мирољубив натпревар меѓу САД и поранешниот Советски Сојуз што започна во 1950тите и кулминираше во доцните 1960ти и рани 70ти.

Сликите на Армстронг и Олдрин на месечината беа видени од повеќе од половина милијарда гледачи на Земјата. До денес мисијата на Аполо 11 останува една од најграндиозните и највеличени технолошки постигнувања.

Баз Олдрин се заложи за ревитализирање на американската вселенска програма и за нова определба на Америка за испраќање луѓе на Марс.

XS
SM
MD
LG