Линкови за пристапност

Видео игрите – ново наставно средство?


Во 2005-та, САД беа рангирани на девето место меѓу индустриски развиените земји според процентот на ученици кои завршуваат второстепено образование. Како да се мотивираат учениците? Некои училишта во САД започнаа да употребуваат видео-игри.

16-годишниот Џон Диаз е типичен тинејџер. Сака видео-игри, но не и училишни задачи.

„Не сум така добар во домашните работи и слични нешта“, вели ова момече.

Диаз и за распустот продолжува со училишни задачи, но од дома, бидејќи предметите се достапни на неговиот компјутер, благодарение на Виртуелното училиште од Флорида.

Извршниот директор Џули Јанг вели дека филозофијата на училиштето е да предава преку технологијата што учениците најповеќе ја користат и ја сакаат во и надвор од наставата.

„Има толку многу ученици кои не се активни во учичиштата.Губат интерес.Се надеваме дека `Конспиративниот код` ќе ги поттикне на учење“, вели Јанг.

„Конспиративен код“ е видео игра преку која се предава историја. Учениците играат како два хероја кои се обидуваат да запрат заговор за менување на минатото.Попат дознаваат детали за настани како Граѓанска војна во САД и му рапортираат на учителот, кој во играта има улога на шпион.

Џон Диаз вели дека сега ужива во американската историја:„Секој ден играм, забавно е, ми го задржува интересот и истовремено учам“.

Играта заеднички ја развиле Виртуелното училиште од Флорида и компанијата за образовни софтвери – „360 И-Ди“.

Но, не сите се за видео-игрите во образовниот процес.Неодамнешно истражување на Универзитетот Компултенсе во Мадрид укажува дека тие напати резултираат во повисоки стапки на незавршување на образованието и ниска мотивација на учениците.

Џон Диаз, пак, се надева дека наскоро ќе бидат создадени други игри како „Конспиративен код“, што би му помогнале да засака и други предмети покрај историјата.

XS
SM
MD
LG