Линкови за пристапност

Tинејџер сам го преплови светот


17-годишниот Зак Сандерланд од американската сојузна држава Калифорнија по 13 месеци минати на отворено море стана најмладото лице кое успеало само да го преплови светот. Зак Сандерланд заминал од пристаниште во јужна Калифорнија на 14-ти јуни 2008-ма. На патешествието од над 50.000 километри минал низ бури, имал проблеми со бродот, а наишол и на пирати.

Стотици луѓе го пречекаа Сандерланд на враќањето во јужна Калифорнија. „Тоа беа неверојатни 13 месеци", рече Зак.

Тој комуницирал со семејството преку сателитски телефони, а неговиот татко, кој работи на изработка на бродови, еднаш долетал до него за да му помогне во поправката на бродот „Интерпид".

Рекордот на Сандерланд нејверојатно нема долго да се одржи, затоа што британски тинејџер кој е неколку месеци помлад од него, од ноември се наоѓа во обиколка на светот и се очекува наскоро да се врати на почетната точка.

XS
SM
MD
LG