Линкови за пристапност

Клинтон во Индија за зајакнување на партнерството


Прва станица од азиската турнеја на американската државна секретарка Хилари Клинтон е Индија, каде ќе разговара за зајакнување на врските меѓу двете земји.

Клинтон во петокот навечер пристигна во индискиот финасиски центар Мумбаи, каде ќе присуствува на комеморацијата за 166-те лица кои загинаа во терористичките напади минатата година. Првиот човек на американската дипломатија во недела во Њу Делхи ќе разговара со индискиот премиер Манмохан Синг и други индиски лидери.

На дневен ред е како да се надогради стратешкото партнерство што започна со Договорот за нуклеарна соработка во 2005-та. Клинтон најави дека на средбите ќе стане збор за надворешната политика, образованието, економијата, климатските промени и енергетски прашања.

Се очекува САД и Индија да финализираат два договори. Едниот би им овозможи на американските компании да изградат нуклеарни постројки на две локации во Индија.
Другиот би осигурал дека американската оружена технологија, што била продадена на Индија, нема да заврши во раце на други земји.

Од Индија, Клинтон ќе замине за Тајланд, каде во Банкок, ќе се сретне со премиерот Абхисит Веџаџива и ќе ја предводи американската делегација на средбата на Здружението на азиски земји – АСЕАН.

XS
SM
MD
LG