Линкови за пристапност

Законот за енергетика не е во согласнот со директивите на ЕК, тврди Секретаријатот на енергетската заедница за ЈИЕ


Законот за енергетика не е во согласност со директивите на ЕК - oва во петокот го соопшти Секретаријатот на енергетската заедница за Југоисточна Европа, чија членка е и Република Македонија.

Секретаријатот донел ваква одлука по жалбата која против Македонија ја покрена австриски ЕВН, со образложение дека амандманите донесени на Законот за енергетика во 2008-ма година ја измениле суштината на Законот и државната компанија ЕЛЕМ ја ставиле во надредена позиција на енергетскиот пазар во однос на приватните компании. Ваквите наводи на ЕВН ги потврди Секратеријатот. Чие седиште е во Виена.

Согласно одлуката, на Македонија и` се дава рок од два месеца да ги преземе сите непоходни мерки и Законот за енергетика да го усогласи со европските директиви -обврска која произлегува и од членството на Македонија во оваа организација. Доколку Македонија не одговори на барањето на Секретаријатот, случајот ќе биде пренесен на разгледување во Министерскиот совет, кој е и највисока инстанца на организацијата,се најавува во денешното соопштение на Секретаријатот.

Поради непочитување на приципите на организацијата, земја-членка може да биде исклучена од членството.

„Ја повикуваме владата да преземе афирмативни чекори и да ги усогласи стандардите со оние на Енергетската заедница. Од суштинска важност е да можеме да известиме за конкретни подобрувања во оваа област во наредните два месеца", се вели во изјавата на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Славчо Нејков.

Овие ставови на Секретаријатот се најрелевантиот фактор според кој ЕК го оценува напредокот на државите во усогласувањето со европските регулативи во однос на слободниот енергетски пазар.

Засега нема реакција од страна на Владата на Република Македонија на одлуката на Секретаријатот.

XS
SM
MD
LG