Најмалку осум лица загинаа, а 50-тина се повредени во два речиси истовремени бомбашки напади во луксузни хотели во Џакарта.
Целта на нападите биле хотелите Риц-Карлтон и Мариот, со силни експлозиви што биле детонирани само една до две минути еден по друг, соопшти индонезискиот министер за внатрешни работи Видодо Ади Сукипто.
Меѓу
загинатите има Американци, Австралијанци и еден
Новозеланѓанец.
Властите велат дека бомбите биле поставени во близина на ресторанот во Риц-Карлтон и во подрумот на Мариот. Во Мариот бил пронајден и еден неактивиран експлозив. Полицијата во Џакарта тврди дека напаѓачите биле гости во хотелот.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но за слични бомбашки напади во минатото беше обвинувана терористичката мрежа Џемаја Исламија во Јужна Азија.
Според властите, нападите можеби се дело на Нурдин Мухамед Топ, кој е осомничен дека е составувач на бомби во мрежата.
Претседателот Сусило Бамбанг Јудхојоно кажа дека нападите се терористички чинови и вети одговорните ќе бидат уапсени. Во Вашингтон, американскиот претсдеател Барак Обама ги осуди нападите и изрази сочувство до семејствата на загинатите.