Линкови за пристапност

Кинеската економија порасна за 7,9 проценти во вториот квартал од годината


Кина соопшти дека нејзината економијата забележала пораст од речиси 8% за разлика од минатата година.

Кинеското национално биро за статистика во четвртокот објави дека бруто домашниот приход пораснал за 7,9% во вториот квартал од годинава. Порастот во првиот квартал изнесувал 6.1%.

Властите го припишуваат овој извонреден растеж на стимулативниот пакет во износ од 586 милијарди долари, што имаше за цел да ја извлече третата најголема економија во светот од рецесија.

Па сепак, портпарол на Бирото кажа дека кинеската економија се` уште не се опоравила целосно. Без оглед на тоа, некои економисти очекуваат Кина да биде првата земја која ќе излезе од глобалната економска криза.

И Светската банка, и Меѓународниот монетарен фонд ги зголемија своите прогнози за економскиот пораст на Кина во 2009-та од 6,5 на 7%.

XS
SM
MD
LG