Линкови за пристапност

Шефот на иранската нуклеарна агенција поднел оставка


Иранските медиуми јавија дека шефот на иранската нуклеарна агенција поднел оставка. Новинската агенција ИРНА соопшти дека Голам Реза Агхазадех не дал причини зошто заминува од позицијата прв човек на Иранската организација за атомска енергија. Во извештајот се наведува дека тој исто така поднел оставка на позицијата ирански потпретседател.

ИРНА го цитира Агхазадех дека писмено поднел оставка речиси пред три недели и дека претседателот Махмуд Ахмединеџад ја прифатил.

Агхазадех има врски со поразениот претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави, кој тврди дека официјални лица го наместиле повторниот избор на Ахмединеџад во јуни.

Иран продолжи со развивање на нуклеарната програма во време кога Агхазадех беше први ирански претставник за нуклеарна енергија.

САД и западните сојузници стравуваат дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје. Иран, пак, тврди дека програмата е за мирољубиви, цивилни цели.

XS
SM
MD
LG