Линкови за пристапност

Руски активист го критикуваше Путин за убиството на Естемирова


Водечки руски активист за човекови права го обвини премиерот Владимир Путин за, како што тврди, клима на “попустливост и неказнување“ во Чеченија, каде во средата беше убиена признатата поборничка за човекови права Наталија Естемирова.

Претседавачот на организацијата „Меморијал“ Олег Орлов ја нарече Естемирова „душа“ на организацијата, посветена на откривање на широкораспротранетиот криминал во Чеченија. Говорејќи во четвртокот во Москва, Орлов го обвини чеченскиот водач и протеже на Путин, Рамзан Кадриов, за директна одговорност за убиството.

Портпаролот на Стејт департментот Јан Кели изјави дека САД длабоко жалат поради смртта на Естемирова и ја истакна нејзината „бескомпромисна подготвеност“ да ја обелодени вистината за непочитувањето на човековите права, особено во Чеченија.

Неколку лица во средата во чеченскиот главен град Грозни ја грабнале Естемирова, инаку 50-годишна самохрана мајка. Властите го пронајдоа нејзиното тело неколку часа подоцна во соседна Ингушетија, со прострелни рани во главата и градите.

XS
SM
MD
LG