Командантот на Талебан во југоисточен Авганистан Малави Сангин рече дека заробениот американски војник е жив и здрав, но дека ќе го убие доколку американската армија не запре со операциите во покраините Пактика и Газни.
Американскиот армиски портпарол, капетанот Елизабет Матијас, информираше дека армијата разделила летоци во двете покраини што повикуваат војникот да биде ослободен. На еден од нив е прикажан американски војник како седи на земја и се ракува со авганистански деца. Летокот бара исчезнатиот „американски гостин“ да биде вратен дома. Но, на другиот леток се прикажани американски војници како удираат во врата на куќа, со порака: „Доколку не го пуштите американскиот војник, ќе ве уловиме“.
Американски претставници велат дека војникот бил заробен кон крајот на минатиот месец кога со тројца Авганистанци ја напуштил својата база во Пактика.
Гувернерот на покраината Кандахар, пак, соопшти дека во напад, за кој се претпоставува дека го извршиле коалиционите сили, загинале шест цивили, а биле повредени најмалку 13. Авганистранските власти вршат истрага.