Линкови за пристапност

Премиерите на Индија и Пакистан се сретнаа во Египет


Премиерите на Пакистан и Индија издадоа заедничко соопштение дека акциите во борбата против тероризмот не треба да се поврзуваат со мировните разговори меѓу двете земји. Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани и неговиот индиски колега Манмохан Сигн ова го соопштија по средбата во Египет, што имаше за цел да ги обнови мировните разговори запрени по минатогодишните терористички напади во Мумбаи.

Меѓутоа, кусо време откако беше објавено соопштението, Синг за новинарите изјави дека истрагата и спречувањето на терористички напади и натаму останува главно прашање за Индија, како и дека мировниот дијалог со Пакистан не може да продолжи се` додека не се изведат пред правдата организаторите на нападите во Мумбаи.

Двајцата државници се сретнаа на маргините на Самитот на Движењето на неврзаните во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море.

Гилани во средата изјави дека односите со Индија се подобриле и дека “може да се постигне траен мир во Јужна Азија“.

Во обраќањето на Самитот, Гилани предупреди дека пред да завладее мир, мора да се решат отворените прашања, како статусот на спорниот регион Кашмир.

XS
SM
MD
LG