Линкови за пристапност

Обама претстави план од 12 милијарди долари за подобрување на јавните колеџи


Американскиот претседател најави помош од 12 милијарди долари за јавните колеџи во САД, со цел поголем број Американци да станат поконкурентни како работна сила. Најавувајќи ја 10-годишната иницијатива за време на посетата на Колеџот Макомб во Мичиген, Барак Обама ја подвлече потребата од постручна работна сила. Потребата ја образложи со тоа што кажа дека некои од загубените места во автомобилската индустрија во Мичиген и на други места нема да се вратат. Обама кажа дека дури и пред рецесијата, американските работници се соочувале со економија која не креирала или одржувала доволно нови, добро платени работни места.

Планот предвидува удвојување на бројот на запишани во јавните колеџи на 11 милиони до 2020-та.

XS
SM
MD
LG