Најголемата софтверска компанија „Мајкрософт“ и Интернет-гигантот „Гугл“ се во битка што може да влијае на начинот како приватни лица и компании ќе работат на компјутерите во иднина.
Најновиот чекор го направи „Мајкрософт“, соопштувајќи дека преку Интернет бесплатно ќе понуди верзија на „Мајкрософт офис“, вклучувајќи ги и програмите „Ворд“ и „Ексел“. „Мајкрософт“ заработуваше милијарди долари годишно продавајќи го софтверот, кој потоа потрошувачите го инсталираа на своите компјутери. Но, „Гугл“ во меѓувреме на пазарот понуди бесплатен конкурентен пакет програми, наречен „Гугл апс“.
Обете компании и натаму ќе наплаќаат за поусовршените верзии на своите софтвери.