Линкови за пристапност

Американскиот секретар за трговија ја повика Кина да ги отвори пазарите 


Американскиот секретар за трговија Гери Лок ја повика Кина да ги отвори своите пазари и да ја опушти контролата врз својата валута, за да помогне светската економија да се опорави од актуелната криза. Во обраќањето пред група деловни лидери во Пекинг, Лок кажа дека тоа би го забрзало враќањето кон економски растеж. Лок додаде дека трговските односи меѓу САД и Кина „мора да еволуираат“ и дека мора да се расправа за „длабоки структурни прашања“.

Лок и секретарот за енергетика Стивен Чу се во посета на Пекинг, на разговори за евентуална продажба на американска технологија за производство на еколошки чиста енергија на Кина и други прашања.

XS
SM
MD
LG