Линкови за пристапност

Сотомајор на распитот и натаму одговара на наводите за расна предрасуда


Веќе трет ден трае сенатскиот распит за потврдување на Соња Сотомајор на функцијата судијка во американскиот Врховен суд.

Сотомајор, првиот латино-Американец номиниран за оваа висока позиција, смирено одговараше на прашањата на републиканците за наводите за расна предрасуда и проблеми со нејзиниот темперамент. За контроверзната изјава дадена пред повеќе години, дека „мудра латино-Американка“ може да донесува подобри одлуки од маж-белец, Сотомајор кажа дека имала за цел да ги инспирира жените и припадниците на малцинствата на почетокот на правните кариери, односно дека немала намера да сугерира дека таа би била подобар судија врз основа на своето животно искуство.

Таа возврати и на наводите дека била „либерална“, велејќи дека секогаш пресудувала во согласност со законот, вклучувајќи ги и случаите што поврзани со правото на абортус.

На прашањата од републиканскиот сенатор Том Корбин, Сотомајор повеќепати одби да го изложи своето гледиште за абортусот, велејќи дека не може да одговори на апстрактни прашања. Таа рече и дека американскиот претседател Барак Обама никогаш не ја прашал за нејзиниот став за ова прашање пред да ја кандидира.

Потврдувањето на Сотомајор е речиси извесно, и покрај упорните прашања од републиканците.

XS
SM
MD
LG