Линкови за пристапност

Патнички авион се урна во северозападен Иран - загинаа сите 168 патници и членови на екипажот


Патнички авион се урна во северозападен Иран при што загинаа сите 168 патници и членови на екипажот, јавија иранските државни медиуми.

Авионот бил на пат за ерменскиот главен град Ереван кога се урнал во близина на северниот ирански град Казвин, 16 минути по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран.

Во медиумските извештаи се цитираат сведоци кои велат дека авионот се запалил додека бил во воздух.

Иранската државна телевизија пренесува неиуменуван сведок дека авионот одненадеж паднал од небо и експлодирал веднаш по падот, создавајќи голем кратер. Директорот на иранската аеродромска управа, пак, вели дека во комуникацијата меѓу пилотот и контролата на летање нема индикации дека авионот имал проблеми.

Авионот е на „Каспиан еарлајнс“, руско-иранска компанија основана на почетокот на 1990-те. Истрагата се обидува да ја пронајде „црната кутија“.

XS
SM
MD
LG