Линкови за пристапност

Грмотевици го одложија лансирањето на Ендевор


Лоши временски услови во понеделникот го одложија лансирањето на спејс-шатлот Ендевор. Ова е по петти пат, поради лоши временски услови или протекување на водород од резервоарите за Гориво, НАСА да го запре одбројувањето.

Американската вселенска агенција повторно ќе се обиде да го лансира леталото во среда, во 18 часот по локално време.

Ако и тоа лансирање биде одложено, НАСА ќе мора да почека до нешто подоцна месецов, со цел Русија најпрвин да го лансира своето летало што ќе донесе намирници на Меѓународната вселенска станица.

Седумчлениот екипаж на Ендевор на планираната двонеделната мисија треба да инсталира јапонски сегмент на Меѓународната вселенска станица.

XS
SM
MD
LG