Линкови за пристапност

Сотомајор се заложи непристрасно да го применува законот


Кандидатот за испразнетото место во деветчлениот Врховен суд на САД на вториот ден од распитот за потврдување на функцијата наиде на тешки прашања од републиканските сенатори за тоа дали ќе дозволи нејзината етничка припадност или личните гледишта да влијаат на нејзините одлуки.

Соња Сотомајор на рапитот во Сенатската комисија за правосудство реагираше на нејзиниот контроверзен коментар од 2001-ва дека мудра латино-Американка би можела да донесе подобри правни одлуки отколку маж-белец без исто животно искуство. Таа има кажа на сенаторите дека коментарот бил упатен на жени и припадници на малцинства, во обид да ги инспирира во правните кариери во иднина. Сотомајор подвлече дека во текот на 17-те години како федерален судија никогаш не дозволила нејзините лични гледишта да влијаат на некој судски случај, како и дека го следела законот во секоја ситуација.

Доколку биде потврдена на фунцијата, Сотомајор ќе биде првиот судија со латиноамериканско потекло во највисокиот суд во САД и трета жена која добила шанса да служи во него.

XS
SM
MD
LG