Реформите на американскиот здравствен систем се неизбежни, кажа претседателот Барак Обама во Белата куќа на церемонијата на номинирањето на Реџина Бенџамин на функцијата главен хирург на САД – позиција што се смета за „лицето“ на јавното здравје во земјата.
Обама рече дека „оние кои се против, како и циниците“, не треба да земаат здраво за готово дека легислативата за реформа на здравствена заштита нема да биде усвоена, ниту пак дека е прифатлив пасивен однос во однос на прашањето. Обама најави дека планира уште годинава да ја потпише мерката, со што таа ќе стане закон.
Контроверзите околу новиот план, што нуди заштита за оние Американци кои во моментот се неосигурани, се однесуваат на тоа кој ќе плати за истата. Се очекува планот да чини еден трилион долари за период од 10 години.