Линкови за пристапност

САД ја смируваат загриженоста на инвеститорите од Персискиот Залив


Еден од главните американски владини лица се обидува да ја смири загриженоста на инвеститорите од Персискиот Залив.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер пред група деловни лидери во вторникот во Џеда, Саудиска Арабија, порача дека рецесијата започнала да слабее, но сепак предочи дека економскиот опоравок може да биде неизедначен, „со повеќе подеми и падови од вообичаеното“.

Земјите од Заливот, меѓу кои и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, имаат огромни инвестиции во САД и се загрижени дека со натамошната лоша економска ситуација, некои од тие средства можеби ќе бидат загубени.

XS
SM
MD
LG