Американската влада троши повеќе пари отколку што се сливаат во неа, и тоа во досега незабележан износ.
Одделот за финансии во понеделникот соопшти дека федералниот буџетски дефицит за прв пат ја минал бројката од еден трилион долари.
Во време на жестока рецесија, официјален Вашингтон троши милијарди долари на програми за стимулирање на економијата. Истовремено, заради лошата економска ситуација, забележано е забавено плаќање на даноците. Од буџетот се одлеваат и средства за војните во Ирак и Авганистан.
Економистите стравуваат дека со толкаво задолжување на владата, можен е пораст на каматните стапки и инфлацијата.