Линкови за пристапност

Обама нареди истрага за масовнo убиствo во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама нареди истрага по извештаите дека американски сојузници се одговорни за смртта на до 2.000 притвoреници – припадници на Талебан во Авганистан.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Обама рече дека побарал од тимот за национална безбедност да ги утврди фактите и дека потоа ќе биде донесена одлука како да постапи понатаму.

„Њујорк тајмс" во петокот објави дека Федералното истражно биро, Стејт департментот и Црвениот крст барале истрага за убиствата, но владата на поранешниот претседател Џорџ Буш не реагирала затоа што воениот владетел, генералот Абдул Рахид Достум, во тоа време бил на платен список на ЦИА.

Достум и неговите борци се товарат за убиство на до 2.000 припадници на Талебан кои се предале по инвазијата на Авганистан во 2001-ва. Властите веруваат дека тие се задушиле додека биле транспортирани во преполни контејнери од покраината Кундуз во затворот Шеберген.

Нивните тела се наоѓаат во масовна гробница пронајдена во Дашт-е-Лејли во 2002-ра. Достум е сојузник на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

XS
SM
MD
LG