Американскиот претседател во
петокот беше срдечно пречекан во Гана, каде ги повика сите Африканците на уште
поенерегична акција за елиминирање на сиромаштијата, војните и болестите на
континетот.Карактеристично за посетата
беше што Белата куќа стави акцент на таканаречените „нови медиуми", за да допре
до што поголем број Африканци, но и да чуе што мислат тие.
Мејкон Филипс, директор за нови медиуми во Белата куќа, вели дека дури и во Гана, Интернет-мрежите за дружење како „Фејсбук" и „Твитер" се популарни, така што Белата куќа ја искористи посетата - претседателот да одговара на прашања поставени преку нив.
Филипс подвлекува дека
Белата куќа сака да ги чуе мислењата на луѓето во странство за САД:„Не толку да се рекламира претседателот на
позитивен начин, колку да имаме дијалог и вистински контакт со луѓето, што
порано не било случај".
Филипс наведува дека како одговорен за нови медиуми во Белата куќа морал да научи како различните култури добиваат информации.
„Има голема разлика како луѓето ширум светот користат информации. Она што е популарно во Азија, на пример, е различно од она во САД, Африка или Европа. Има толку многу разновидност.Многу е интересно колку луѓето во Африка се навикнати да го употребуваат телефонот за информации", вели Филипс.
Тој објаснува дека во Африка постои можност од својот телефон да испратите пораки до специјални броеви, наречени кратки кодови:
„Ако сте во Африка и сакате да испратите порака до претседателот, да му пратите прашање, да му посакате добредојде, или пак да испратите коментар, на пример ако сте во Гана, тоа може да го сторите со јавување на краткиот код 1731" појаснува Филипс.
Без разлика дали се работи за пофалби или поплаки, Филипс подвлекува дека реакцијата на луѓето од други земји може да му помогне на Обама да ја образува својата надворешна политика.