Линкови за пристапност

Продолжува контроверзата за наводите дека ЦИА криела програми од Конгресот


Во САД и натаму трае контроверзата во врска со наводите дека ЦИА криела информации од Конгресот за тајна програма од времето на владата на поранешниот претседател Џорџ Буш.

„Њујорк тајмс" во напис објавен во неделата наведува дека поранешниот потпретседател Дик Чејни и` наредил на ЦИА да не дава информации за супер-тајна контратерористичка програма. Написот се базира на неименувани извори и нуди само општ опис на разузнавачките активности.

Американскиот закон налага разузнавачките агенции да ги брифираат клучните членови на Конгресот за одредени активности.

Сенаторката од Демократската партија Дајен Фајнстејн вели дека за програмата дознала дури од новиот директор на ЦИА, Леон Панета:

„Требало да му биде кажано на конгресот, сме требале да бидеме брифирани уште пред да започне програма од таков чувствителен карактер. Директорот Панета не` брифираше пред две недели. Ни кажа дека и тој само што дознал за програмата. Ни ја опиша и кажа дека ја укинал. Панета кажа дека му било кажано дека поранешниот потпретседател Чејни наредил Конгресот да не биде брифиран за програмата", рече Фајнстејн.

Републиканците предочуваат дека ЦИА има кажано дека програмата била развиена, но не и спроведена.

„Претседателот и потпретседателот се двајцата кои на крајот на краиштата имаат одговорност за националната безбедност на САД. Не е необично потпретседателот да биде вмешан во прашања како ова. Што доколку ова е програма - „најстрого доверливо"? Секако дека тој и претседателот би биле одговорни за неа. Да не избрзуваме со донесување одлуки", коментираше сенаторот Џон Кајл од Аризона.

Сопартиецот, сенаторот Џон Корнајн вели дека Конгресот требало да биде информиран, но се спротистави на тоа што демократите јавно го обвинуваат Чејни за ова и други нешта.

Демократскиот сенатор Дик Дурбин, пак, побара истрага за случајот.

„Постои одговорност во нашиот Устав. Извршната власт не може да создава програми како овие и да не му каже на Конгресот. Да се држи една ваква обемна програма во тајност од членовите на Конгресот – тоа не само што е несоодветно, туку може да биде и незаконски", подвлече Дурбин.

Во САД и натаму трае контроверзата во врска со наводите дека ЦИА криела информации од Конгресот за тајни програми од времето на владата на поранешниот претседател Џорџ Буш.

„Њујорк тајмс“ во напис објавен во неделата наведува дека поранешниот потпретседател Дик Чејни и` наредил на ЦИА да не дава информации за контратерористичка програма. Написот се базира на неименувани извори и нуди само општ опис на разузнавачките активности.

Американскиот закон налага разузнавачките агенции да ги брифираат клучните членови на Конгресот за одредени активности.

Сенаторката од Демократската партија Дајен Фајнстејн вели дека новиот директор на ЦИА Леон Панета минатиот месец ги информирал за програмата и им кажал дека Чејни наредил таа да не се разоткрива пред Конгресот. Фајнстејн рече дека тоа никогаш не смее да се повтори.

Републиканскиот сенатор Џон Корнајн од Тексас е согласен дека Конгресот требало да биде информиран, но се спротистави на тоа што демократите јавно го обвинуваат Чејни за ова и други нешта.

Сенаторот – демократ Дик Дурбин побара истрага за случајот.

XS
SM
MD
LG