Линкови за пристапност

Бројот на загинати во Ксинџијанг нараснал на 184, според кинеските медиуми


Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа соопшти дека бројот на загинати во етнилкото насилство во западниот регион Ксингџијанг нараснал од 156 на 184. Според агенцијата, 137 од загинатите се од кинеското етничко мнозинство Хан, додека 46 од малцинството Ујгурци, кои во најголем дел се муслимани.

Кинески владини лица велат дека судирите започнале во неделата кога Ујгурци најпрваин нападнале Хан Кинези. Тие, пак, два дена подоцна излегле на улиците вооружени со ножови, плаки и други оружја, барајќи одмазда против Ујгурците. Биле уапсени најмалку 1,434 лица.

Во петокот - традиционален ден за муслимански молитви -, властите наредија џамиите во местото Урумчи и во петок да останат затворени, во обид да спречат нови насилства. Но, некои сепак беа отворени, и стотици верници се собраа пред нив, игнорирајќи го присуството на безбедносните сили на улиците.

XS
SM
MD
LG