Линкови за пристапност

Том Џонс со нов албум, и натаму секс-симбол за многумина


Музичката легенда Том Џонс не знае за одмор.Издаде нов албум, а неодамна беше на турнеја по САД.Албумите му се продадени во 100 милиони примероци. Кралицата Елизабета го прогласи за витез во 2006-та.На 69-години, и натаму е секс-симбол за многумина и вели дека се чувствува идобно во таква ситуација.

Томас Џонс Вудвард е роден во Јужен Велс, Велика Британија.Тинејџерските години ги минал како обичен работник преку ден, а пеејќи по клубови преку ноќ.Кон средината на 60-те, се запознава со текстописецот и менаџер Гордон Милс, ја снима неговата нумера, во оригинал насловена - "It's Not Unusual", што потоа се продава во три милиони копии, а Џонс влегува во светот на славните.

Познат по моќниот глас и сексипил, Том се карактеризира и со флексибилност и разновидност.

„Сакам да слушам музика, да сум во тек.Уште од почетоците на рокенролот во 1955-та. До ден-денес многу слушам музика, сакам да знам кој што прави.Не само за да останам во бизнисот, туку затоа што навистина уживам во тоа“ вели Џонс.

На почетокот на кариерата, Том беше редовен изведувач во Лас Вегас и една од најголемите атракции на градот, а тоа резултираше во пријателство со Елвис Присли и Франк Синатра.

„Еднаш направив албум со стандардни умери.Френк Синатра ми кажа повеќе да се фокусирам на свинг и стандардни нумери, а Елвис тврдеше дека треба да ставам акцент на рокенролот.Се чувствував одлично што добивав совети од две музички легенди“, се присеќава Џонс.

Попларниот Велшанец неодамна издаде нов албум, насловен „24 часа”.За него вели: „Коавтор сум на повеќето од нумерите, така што ова е повеќе од личен албум“.

69-годишниот секс-симбол и натаму ја привлекува публиката.Вели - се чуствува удобно во ситуацјата:

„Луѓето ми велат дека не се обидувам да бидам некој кој не сум.И помладите ми велат така.Доколку поседувате сексипил, сметам дека не исчезнува преку ноќ поради тоа што стареете.Постои се` додека го претставувате како што треба“.

XS
SM
MD
LG