Линкови за пристапност

Вести за судири за време на протести во Иран


Сведоци тврдат дека полицијата во четвртокот пукала во воздух и употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се обидувале да се соберат пред Универзитетот во Техеран, каде точно на овој ден пред десет години започна студентското востание.

Според тврдењата, околу 3.000 насобрани демонстранти извикувале "смрт на диктаторот", а некои запалиле канти за ѓубре. Полицијата привела некои од насобраните. Сведоците додаваат дека членови на провладина милиција Басиџ биле на местото на настанот и реагирале.

Поддржувачите на опозициониот водач Мир Хусеин Мусави повикаа на демонстрации за да ја одбележат 10-тата годишнина на крвавата акција против студентите во Техеран. Ирачките власти, пак, најавија дека ќе „разбијат" каков и да е протест.

XS
SM
MD
LG