Во неколку бомбашки напади ширум Ирак загинаа преку 40 лица – најкрвав биланс откако на 30-ти јуни американските сили се повлекоа од ирачките градови.
Бомбаши-самоубијци убиле најмалку 35 лица, а имало 62 повредени во координирани напади во градот Тал Афар.
Во екзплозија на бомба во областа Садр во Багдад, пак, загинале најмалку седум лица, а биле повредени 16.