Линкови за пристапност

Хакери повторно нападнале Интернет-страници во Јужна Кореја


Хакери повторно нападнале Интернет-страници во Јужна Кореја. Официјален Сеул ја обвинува Северна Кореја за нападите.

Во најновиот, трет бран на напади биле погодени страниците на Министерство за одбрана и Националната служба за разузнавање на Јужна Кореја. На мета се нашла и страницата барем на една банка во земјата. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап цитира владини и индустриски лица дека вирусот зафатил десетици илјади компјутери и дека навидум е автоматски програмиран самиот да се избрише во петок.

Јужнокорејски парламентарни пратеници велат дека разузнавачки извори ги информирале дека се сомневаат дека Пјонгјанг или симпатизери се вмешани во нападите. Разузнавачки претставници додаваат дека ваков координативен напад најверојатно е дело на голема организација или држава.

Во претходните хакерски напади во Јужна Кореја, беа погодени страницата на претседателот, на владејачката партија, на Министерството за одбрана и други владини канцеларии.

Интернет страниците во САД, пак, што беа предмет на напади претходно неделава, навидум се вратија во нормала. Официјални лица велат дека биле погодени страниците на Белата куќа, Одделите за домашна безбедност, одбрана и финансии, како и страницата на Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG