Линкови за пристапност

25 загинати во експлозија на камион-бомба во Авганистан


Експлозија на камион-бомба во централен Авганистан однела 25 човечки животи. Најмалку 15 од загинатите биле ученици.

Според командирот на локалната полиција, камионот натоварен со дрва навидум намерно бил превртен на пат во покраината Логан, јужно од Кабул, по што напаѓачите го активирале експлозивот во него, токму во време кога минувала група деца, на пат за училиште.

Претседателот Хамид Карзаи изјави дека се работи за "дивјачки и против-исламски чин".

Силите на НАТО во Авганистан соопштија дека од патна мина во јужниот дел на земјата загинале двајца војници на сојузничките сили. Американски командант во одделно соопштение информираше дека 4.000 американски маринци, кои војуваат против талебанските милитанти во јужен Авганистан, ги истерале бунтовниците од голем дел на покраината Хелманд.

XS
SM
MD
LG