Линкови за пристапност

Солана и Рен ќе ги посетат Скопје, Белград и Подгорица



Високиот претставник за надворешна и одбранбена политика на ЕУ Хавиер Солана и комесарот за проширување Оли Рен на 22-ри и 23-ти јули заминуваат во посета на Скопје,Белград и Подгорица, соопштија нивните Кабинети.

Главната порака што ја носат е либерализацијата на визниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора, што ЕК и официјално ќе ја соопшти во вторник, на 14-ти јули. Според најавата, Солана и Рен во тој контекст ќе ја пресесат и пораката на ЕУ дека интеграцијата на земјите од Западниот Балкан не го губи здивот поради внатрешните проблеми на Унијата, поврзани со усвојувањето и примената на Лисабонскиот договор, како и неповолната политичка клима предизвикана од актуелната глобална економска криза.

Во Скопје, комесарот Оли Рен планира непосредно да се запознае со исполнувањето на критериумите зададени на Македонија за добивање на датум за почеток на преговорите за членство. Во зависност од напредокот на тој план, ЕК ќе реши дали да препорача почеток на преговори со земјата во новиот годишен извештај што оваа година ќе биде објавен на 14-ти октомври.

Аналитичарите на различни медиуми во Брисел ја интерпретираат посетата на вишите претставици на ЕУ и како проштална, бидејќи Солана и Рен кон крајот на октомври ќе ги напуштат овие две високи позиции во европската администрација.

XS
SM
MD
LG