Линкови за пристапност

Г-8 и земјите во развој разговараат за трговијата, климатските промени


Државниците од Групата осум заедно со колегите од пет главни земји во развој - Бразил, Кина, Индија, Мексико и Јужна Африка, се согласија дека има потреба до наредната година да се заврши запрената рунда на светски трговски разговори од Доха.

Г-8 изврши и притисок врз колегите од земјите во развој да го поддржат договорот што Групата го постигна во средата за големо намалување на испуштањето на гасови штетни по озонската обвивка до 2050-та година. Но, земјите на чело со Индија и Кина одбија да се обврзат на конкретни цели.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги криткуваше земјите од Г-8 за недоволен напредок во однос на глобалното затоплување.

Американскиот претседател Барак Обама се сретна со бразилскиот колега Луис Инасио Лула да Силва, со кого разговараше за климатските промени, енергетски прашања и политичките кризи во Хондурас и Иран. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс рече дека Обама изразил надеж дека Бразил ќе ги искористи блиските трговски врски со Иран за енергично да го пренесе ставот на Г-8 кон исламската држава.

Во соопштение во средата, лидерите од Г-8 истакнаа дека го губат трпението поради одбивањето на Техеран да ја прекине нуклеарната програма за која се претпоставува дека е наменета за нуклеарно оружје. Во соопштението се осудува и пост-изборното насилство во Иран и апсењето на новинари.

XS
SM
MD
LG