Линкови за пристапност

Глобалната економија и климатските промени во фокусот на самитот на Г-8


Лидерите на Групата 8, кои се среќаваат во градот Лаквила во централна Италија, јавуваат за напредок во разговорите за справување со глобалното затоплување. Американски претствници на Самитот на Г-8 велат дека државниците се согласиле да зацртаат цел за намалување на гасовите штетни по озонската обвивка од 80 проценти за индустриските земји до 2050-та година.

Тоа би било дел од обидот да се намали глобалното испуштање на штетни гасови за 50 проценти од нивото во 1990-та година. Учесниците постигнале и согласност да го ограничат покачувањето на глобалната температура за два степени Целзиусови над прединдустриското ниво.

Во однос на економските прашања, првите луѓе на Г-8 ја реафирмираа поддшката да поддржуват финансиски растеж, да отфрлат протекционистички мерки и да ги држат пазарите отворени.

Спроти самитот, некои од лидерите направија обиколка на Лаквила, каде во земјотресот што се случи во април загинаа речиси 300 лица.
Се очекува лидерите на Г-8 да разговараат и за трговијата, помошта на земјите во развој, политичките кризи во Иран и Хондурас, како и етничкото насилство во кинескиот регион Ксингџијанг.

XS
SM
MD
LG