Линкови за пристапност

Продолжува насилството во Ксинџианг и покрај зголемените безбедносни мерки 


Бројни безбедносни сили патролираат во главниот град на кинеската провинција Ксинџианг во обид да ги смират страстите на третиот ден од етничкото насилство.

Kинеските власти соопштија дека ситуацијата е ставена под контрола по судирите меѓу муслиманските Ујгурци, кинеското етничко мнозинство и безбедносните сили.

И покрај присуството на безбедносни сили по улиците и хеликоптери кои кружат да регистрираат евентуални насилства, има извештаи дека лица од мнозинската кинеска заедница нападнале муслимански Ујгурци.

Жители на мнозинските Кинези вооружени со импровизирано оружје со повик за одмазнички акти против Ујгурците се забележани на улиците на вториот ден од нередите.

Главниот официјален претставник од Комунистичката партија во градот Ли Жи, рече дека секој кој ќе биде пронајден за виновен за убиство или поврзан со насилството - ќе биде егзекутиран.
Градоначалникот на градот Урумки Јерла изјави дека се идентификувани повеќе од 100-тина убиени во нередите.

Официјалната бројка од насилството кои беше поттикнато од протестите на Ујгурците кои почнаа на мирољубиво се уште е 156 лица.

САД и други земји изразија загриженост за ситуацијата во Ксинџианг. Ујгурците ширум светот одржаа демонстрации за осуда на постапките на кинеската влада.

Кинескиот претседател Ху Џинтао се врати дома од Самитот на Г-8 во Италија да се справи со протестите кои резултираа со жртви во кинескиот град Урумги.

XS
SM
MD
LG